Двајцата анестезиолози отстранети од работа на КАРИЛ по смртта на родилката
До крајот на неделата се очекува да биде готов наодот од обдукција кој треба да покаже која е причината за смртта на родилка Дебора Џамбази, а извори на НОВА велат дека собрани се изјави од сите инволвирани страни.
Двајцата анестезиолози се отстранети од работи од КАРИЛ, а на едниот од нив не само што му се заканува суспензија туку ќе мора да врати и 50 000 евра на државата бидејќи специјализирал со кофинансирањe, пренесе Нова.
Анестезиологот кој пред една година завршил со специјализација се обврзал со договор, десет години да работи во јавно здравство, во спротивно треба да ги враќа парите со кои му било овозможено да специјализира.
- „Не можел да има договор без да знам, а јас такво нешто не сум потпишал. Ќе покренеме се што е во наша надлежност за да се испита целиот сплет на околности кои довеле до смрт на родилката“, изјави за НОВА др. Илир Хасани директор на ТОАРИЛУЦ. .
Родилката почина пред десетина дена.
Ново на Сител
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа