Двајца скопјани обвинети за тешка кражба од возило
Обвинителен предлог против двајца скопјани, кои како соизвршители сториле кривично дело – тешка кражба, поднесе Основното јавно обвинителство Скопје.
-Обвинетите вчера на ул. „Њуделхиска“ во Скопје, на паркинг простор пред еден супермаркет, се приближиле кон паркиран автомобил „Форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, со употреба на сила дејствувале на стаклото од совозачката страна и го скршиле. Тие од совозачкото седиште одзеле женска чанта во која имало пари и други предмети во вкупна вредност од 15.000 денари, соопшти Јавното обвинителство.
За еден од обвинетите се определените мерки на претпазливост, додека за другиот, надлежниот јавен обвинител процени дека и натаму постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, особено затоа што тој и претходно бил сторител на ваков вид кривични дела. Од тие причини јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставиl и предлог за продолжување на определената мерка притвор за ова лице
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар