-->
-->
Двајца повредени во сообраќајката на патот градско-Прилеп
-->

Две лица се потешко повредени во сообраќајната незгода што утрово околу 7.30 часот се случи на патот Градско-Прилеп, информираа од МВР.
- Теренско моторно возило камион „форд транзит” со прилепски регистарски ознаки, излетало од патот. Возилото кое било сопственост на приватна фирма, било управувано од лицето Ж.Р родено 1960 година, кое останало неповредено, соопштија од МВР.
Со тешки повреди се здобиле сопатниците Т.С. роден 1956 и Ц.П роден 1953 година, двајцата од Прилеп. Биле однесени во кавадаречката болница, по што првиот од нив, бил препратен на лекување во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
