-->
-->
Двајца играчи од Премиер лигата имаат коронавирус
-->
Новите позитивни тестови по осмата рунда тестирање на фудбалери и вработени од Премиер лигата се два.
– Премиер лигата објавува дека 1.200 фудбалери и вработени поминале тестови за КОВИД-19 на 11 и 12 јуни. Има два позитивни резултати, а заразените се во различни клубови “, се вели во изјавата од Лигата.
Еден од заразените излезе дека е фудбалер на Норвич, но неговото име не е објавено.
Играчот за кој станува збор е во карантин. Тој ќе биде тестиран повторно за една недела и доколку даде негативен тест, ќе може да се врати во тимот.
Во среда продолжуваат натпреварите во Англија со дуелте меѓу Астон Вила – Шефилд Јунајтед и Манчестер Сити – Арсенал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај