Дваесет наслови во првата селекција за наградата „Роман на годината“

Дваесет наслови од 38 пријавени ја поминаа првата селекција за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Како што соопшти Фондацијата, трката за наградата ја продолжуваат:
1. „Молчи со отворена уста“, Снежана Младеновска-Анѓелков, „Или -Или“
2. „Александар и Клеофила“, Паскал Гилевски, „Панили“
3. „Под друга капа“, Владо Јаневски, „Магор“ 4. „Црна шума“ , Симеон Јанков, „Ми-Ан“
5. „Како станав Амадеус“, Трајче Кацаров, „Силсонс“
6. „Правта на библиотеките“, Митко Маџунков, „Три“
7. „Мрежата на Мамли“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
8. „Пагански времиња“, Драги Михајловски, „Просветно дело“
9. „Песот со тажен поглед“, Оливера Николова, „Матица македонска“
10.„Сивиот плоштад“ – Сашо Огненовски, ПНВ Публикации
11. „Мемоари на задоцнетиот романтичар“, Божин Павловски, „Матица македонска“
12. „Краста на душата“, Владимир Плавевски, „Магор“
13. „Вилино“, Винка Саздова, „Три“
14. „Последните денови на Ханс“, Михајло Свидерски, „Или -Или“
15. „Цариградски емигрант“, Луан Старова, „Три“
16. „Години од слама“, Братислав Ташковски, „Панили“
17. „Аб’т“, Оливера Ќорвезироска, „Или -Или“
18. „Вергина“, Јана Узунова, „Или -Или“
19. „Ура, Арал!“, Тања Урошевиќ, „Темплум“
20. „Приказни за госпоѓица Сит“, Билјана С.Црвенковска, „Чудна шума“
За најдобар роман објавен во 2019 година одлучува жири во состав: Николина Андова-Шопова (претседател), Милован Стефановски, Весна Мојсова-Чепишевска, Славе Ѓорѓо Димовски и Катерина Богоева.
Жирито, кое ќе направи повеќе селекции до соопштувањето на наградата, на состанок ја констатирало изедначеноста на квалитетот на пристигнатите романи и разновидноста на тематските и стилските определби на авторите. Според пропозициите, жирито треба да го соопшти името на лауреатот најдоцна до 15 март, а наградата ќе биде врачена во првата половина од април.
Наградата годинава се доделува по 21-ви пат и е под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД Скопје. Се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари.
Наградата „Роман на годината“ ја востанови и ја доделуваше „Утрински весник“, сѐ до неговото згаснување во 2017 година, кога наградата ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“.
Ново на Сител
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
