Дваесет години дипломатски односи Македонија - Грција

Македонската Амбасада во Атина денеска организира прием по повод 20 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Грција и 24 години независност на нашата земја.
На 13 август 1995 година Македонија и Грција потпишаа Времена спогодба со која воспоставија дипломатски односи и презедоа одредени обврски, но не дојдоа до решение на проблемот што Грција го има со нашето уставно име. Дваесет години подоцна, спорот меѓу Грција и Македонија се уште е отворен и шансите за решавање се речиси никакви, со оглед на тоа што Атина инсистира на своите црвени линии, а тоа е име со географска одредница за секаква употреба.
Со Времената спогодба, Македонија се согласи да го смени своето знаме и да го дополни Уставот во делот на преамбулата каде што се вели дека Македонија нема никакви територијални претензии кон ниту еден од нејзините соседи. Грчката страна се обрврза да не го попречува патот на Македонија кон зачленување во меѓународните институции и слично. Барањето за зачленување може да биде под уставното име, но Грција го задржува правото на блокада на прием ако тој не е под времената референца. Во овој договор, Македонија и Грција се ословени како првата и втората страна, или по името на главните градови Атина и Скопје.
На 3 април 2008 година, Грција ја прекрши Времената спогодба и на Самитот на НАТО во Букурешт, Грција ја блокираше поканата за Македонија за членство во Алијансата. И покрај залагањето на неколку водечки земји за прием на Македонија, меѓу кои и САД, Грција не даде согласност за покана на Македонија, образложувајќи го тоа со „лошите соседски односи“ поради нерешениот проблем со името.
На 17 ноември истата година Македонија покрена правна постапка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг против Грција. Македонија поднесе Апликација до Регистарот на Судот со цел да и се наложи на Грција да ги почитува своите правни обврски предвидени во Времената спогодба, која е правно обврзувачка за двете земји.
Судот во Хаг пресуди дека Грција го прекршила членот 11 од Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008. И покрај се, Грција до денес не го промени својот став. Додека НАТО и меѓународната заедница повикуваат на почитување на меѓународното право за решавање на други спорови и конфликти, македонските власти постојано повикуваат на почитување на истото преку признавање на пресудата на Меѓународниот суд на правдата дека Грција не смее да не блокира во членството во Алијансата.
Билатералните односи меѓу Македонија и Грција се придвижија во последните неколку месеци со мерките за градење доверба. Двете земји моментално преговараат за 11 конкретни марки за доверба од образованието, здравството, надворешните работи и слично.
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
