Два нови современи апарати во поликниниката Бит пазар

Во Здравствениот дом Скопје - поликлиника Бит пазар во функција се ставени нови современи колор доплер ехо кардиограф и орл стол. Тие ќе дадат дополнителен придонес во напорите пациентите овде да го добиваат најголемиот дел здравствени услуги кои им се потребни и да се намали приливот на пациенти во терциерното здравство.
- Здравствениот дом во Скопје може да се нарече чувар на портите на терциерното здравство имајќи предвид дека огромен број од услугите се даваат токму во неговите здравствени установи. Досега тука се дадени околу 1 милион здравствени услуги од кои најмалку 50 проценти се услуги дадени на специјалистичко консултативно ниво. Пациентот кога ќе дојде во Здравствениот дом во најголем број случаи, односно во над 90 проценти ја добива комплетно здравствената услуга тука, истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој денеска беше во посета на Здатвствениот дом Скопје.
Истакна дека набавката на ехо доплерот е дел од концептот за набавка на опрема врз основа на претходните упатувања на пациентите на повисоко ниво на здравствена заштита.
- Ова е токму во тој правец. Набавен е апарат со кој уште повеќе ќе се намали упатувањето на терциерното ниво на здравството и комплетната услуга пациентите ќе можат да ја добијат овде, рече Тодоров.
Станува збор за опрема во вредност од околу 6 милиони денари која е набавена и веќе ставена во фукција и може да се користи. Докторите кои работат на нив биле на едукација и обука во странство.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
