Дурмиши- Казуја: Унапредување на билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Јапонија
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со амбасадорот на Јапонија во Северна Македонија, Оцуко Казуја.
Како што соопштуваат од Министерството за економија и труд, на средбата бил потенциран интересот за натамошното јакнење на соработката, како и зближувањето на двете земји и народи. На состанокот Дурмиши посочил дека трговската размена меѓу Северна Македонија и Јапонија не е голема, но дека има простор дополнително да се унапреди во наредниот период.
– Во наредниот период како Министерство за економија и труд согласно нашите надлежности ќе работи на подобрување на деловната клима за привлекување на нови странски инвестиции. Јапонските инвеститори се добредојдени во нашата земја и се надевам дека во наредниот период преку заедничка соработка ќе донесеме нови компании од Јапонија да работат на македонскиот пазар, со цел дополнително зајакнување на економските врски меѓу двете земји, рекол Дурмиши на средбата.
Како што се наведува во соопштението, министерот изразил благодарност за континуираната поддршка и придонесот на Јапонија во јакнењето на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан и посочил дека длабоко ја цени јапонската иницијатива за соработка со Западен Балкан и поддржувањето за членство во Европската унија, како важен фактор за стабилноста на регионот.
Ново на Сител
-
Попладнево избувна голем пожар кај валандовско Грчиште, изгорени неколку штали
-
Трамп за Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“
-
Германија финансира дронови за Украина
-
Зеленски одликува 226 украински војници
-
ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ
-
Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ, тврди данската министерка за надворешни работи
-
Муртезани: Реформите и заедничкиот пазар се наш компас кон стабилност, единство и иднина
-
Повредени две лица во сообраќајка во Куманово