Македонија
7. јуни 2023 - 16:33

ДУИ прифаќа влада без ДУИ ако се усвојат уставните измени

ДУИ нема проблем да оди во опозиција но само откако ќе се смени Уставот. Интгративците ќе се вклопат во играта на условувања која денеска ја почна лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но под свои услови

„ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада.

Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“ – напиша на социјалните мрежи партискиот портпарол Бујар Османи

За разлика од ДУИ, Алијанса нема услови. Иако не се консултирал со Премиерот, Партискиот лидер вели, подготвени сме на се, само да се смени Уставот

Засега без коментар се малите политички партии кои се дел од коалицијата на СДСМ. Потврдуваат дека Ковачевски заминал на лидерската средба со Мицкоски без да се консултира со нив.