-->
-->
ДУИ бара меѓународна истрага
-->

По денешните пресуди за случајот „Дива населба“ Демократската унија за интеграција го повтори ставот дека е потребно вклучување на меѓународни експерти во сеопфатната истрага за, како што велат од партијата „обелоденување на сите нејаснотии за случајот Куманово“.
- Судскиот процес и доказите на протагонистите изнесоа на површина дилеми околу организаторите и мотивите на овој тежок случај, затоа граѓаните треба да ја дознаат целата вистина. Дел од доказите и материјалите со кои граѓаните имаа можност да бидат запознаени преку медиумите алудираат на наводна вмешаност и на официјални претставници на највисоките државни институции во комуникација со протагонистите на настанот, се вели во соопштението од ДУИ.
Од партијата бараат МВР и органите на владеењето на правото да вклучат меѓународни експерти во истрагата за случајот и да воспостават комуникација и соработка и со властите на Косово и Албанија со цел размена на информации за, како што посочуваат, целосно расветлување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка
-

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
-

Косово денеска избира нов парламент, вторпат за 11 месеци
-

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска
-

Сојузниците на Зеленски му дадоа силна поддршка пред разговорите со Трамп во Флорида
-

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
