-->
-->
Дуда: Да не беше војната ќе го победевме Дрим тимот на САД
-->

Еден од најдобрите српски и европски кошаркарски тренери, кој неодамна замина в пензија, Душан Дуда Ивковиќ, вели дека репрезентацијата на тогашната СФРЈ би го победила „Дрим тимот“ на САД, на Олимписките игри во 1992 година, доколку не се случела војната на просторите на поранешната држава.
Дуда Ивковиќ во интервју за грчката телевизија,говорел за својот живот и кариерата, истакнувајќи дека репрезентацијата, дури и без играчите од Хрватска и Словенија, би славела против најдобрите играчи од САД, доколку не биле санкциите против Југославија.
„Да не беше војната, верувам дека ќе го победевме ‘Дрим тимот’. Додека другите кошаркари се фотографираа со Џордан и останатите, ние се подготвуваме за натпревар против нив, бидејќи верувам дека можевме да победиме“, рекол Ивковиќ.
Ивковиќ говорел и за починатиот Дражен Петровиќ, без да издвои ниту еден играч од таа генерација.
„Дражен беше голем работник. Ако тренингот почнува во 8 часот, тој почуваше да работи половина час порано. Сепак, не би издвоил ниту еден играч, сите ги третирав како мои деца“, истакнал тренерот кој во кариерата меѓудругите има две европски и една светска титула, односно две титули во Евролигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
-

Трамп: Веруваме дека постигнавме промена на режимот во Иран, сите се мртви
