ДС: Со национализам да не се покрива криминалот
Демократскиот сојуз најостро ги осудува изјавите на водствата на Алијанса, Алтернатива и ДУИ, за дестабилизација на Македонија, формирање на заедница на општини со доминантно албанско население, децентрализација (читај федерализација) итн. по примерот на Заедницата на општини на Србите во Косово.
Оваа националистичка реторика претставува сериозна закана за меѓуетничките односи, прикривање на криминалот и директно ги загрозува евроинтеграциските перспективи на Македонија.
Дестабилизацијата на Македонија ќе значи и дестабилизација на Балканот што е главна стратегија и цел на Русија, како и на националистите во Бугарија.
Компарацијата со Косово е апсолутно неточна и нема никакви сличности.
Во 1999 година НАТО интервенцијата беше двонасочна, да се сруши режимот на Милошевиќ и на Косово да се формира нова држава, во рамките на автономната покраина Косово и Метохија, која беше дел од Србија.
Македонија беше главен логистички центар на НАТО, но тоа не им сметаше на УЧК, во 2001 година да отворат војна во Македонија со територијални барања, а покасно, под притисок на САД, да ги трансформираат во барања за човекови права.
Тој конфликт ја врати Македонија дваесет години назад и затоа закаснивме и со членство во НАТО и ЕУ.
Демократскиот сојуз апелира на трезвеност и одговорност, почитување на различностите и јакнење на демократските институции, борба против корупцијата, како и внатрешна кохезија и стабилност.
Македонија е унитарна држава во која сите етнички заедници ги уживаат сите права и слободи и така ќе остане.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
