Драма во супермаркет: Се обидел да си го скенира половиот орган на каса
Полицијата во американскиот град Сиетл го уапси младиот Кристијан Фишер под обвинение дека наводно се обидел да го скенира неговиот полов орган на касата во еден супермаркет.
Припадник на обезбедувањето во супермаркетот забележал дека вработената на касата вознемирено бега од работното место поради нешто што момчето става на пултот до касата, а кога се доближи сфатил дека Фишер го става неговиот полов орган на скенерот на касата.
Фишер цело време се смеел и не се обидувал да се побегне дури ни кога дошло обезбедувањето, јави порталот „Смокинг Ган“.
Тој сепак побегал пред доаѓањето на полицијата, но набрзо повторно се врати во супермаркетот. Вработените го бркале од продавницата, но тој не сакал да си оди и почнал да се расправа со нив.
Полицијата го уапсила нешто подоцна неколку улици подалеку од супермаркетот, но тој тврдел дека не го направил тоа.
Момчето е уапсно и сместено во затвор. Ова, инаку, му е четврто апсење овој месец.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?