Македонија
11. October 2023 - 13:16

Драма во Скопје: Маж ја влечел за коса, ја гризнал и се заканил дека ќе ја убие сопругата

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 25-годишниот скопјанец осомничен дека на 3 октомври, во Кисела Вода, сторил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик спрема неговата сопруга.

Обвинетиот дошол пред влез на зграда на улицата  „Пушкинова“ и најпрво со висок тон започнал да ја навредува оштетената. Потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот, нанесувајќи и телесни повреди. И го одзел телефонот, упатувајќи закани дека ќе ја убие и ќе избега со нивната заедничка ќерка. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во влез од зграда.

Јавниот обвинител до Основиот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.