Драма на плажа: Ја удри другарката со риба по задникот и..
Иако е снимено уште во 2012 година сепак овие денови повторно е актуелно на интернет видеото на кое се гледа како друштво Американци се забавува на плажа со угинат сом.
Една девојка во костим за капење сакаше да ја плесне својата другарка Тина со рибата по задникот, но по еден неуспешен удар се случи нешто неочекувано.
Врвот од перката се заби во бутот на Тина и се заглави. Двете девојки ги фати паника, а им било и страв да ги издават перките за да не и се направи на Тина голема рана.
Иако на почетокот се изгледаше како забава, работата стана посериозна кога на Тина и се завртело во глава и почнала да вика дека може да фати некоја инфекција.
На местото дошло некое момче кое ја гледало раната. Дошол и чуварот на плажата и почнал да ја набљудува необичната глетка.
Во второто видео се гледа како нејзиниот задник со заглавена риба го загледале уште неколку луѓе од плажата, а стигнуваат и различни предлози.
Пријателите и донеле лед за да стави на местото, некој донел пинцета, ама решение немало. Имало и предлог местото на убодот да го залијат со вотка, по што завршува снимката без да се знае конечниот епилог за овој необичен случај на американска плажа.
Ново на Сител
-
Судиска двојка Николов и Начевски ќе судат во четвртфиналето помеѓу Франција и Египет
-
Уапсен 45-годишен Швеѓанец кој со автомобил се обидел да ја пробие оградата на руската Амбасада во Стокхолм
-
Малолетник се шетал со нож низ Чаир, полицијата го приведе
-
Приведено 33-годишно лице во Штип поради кражба
-
Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка
-
Од утре дожд, на некои места пороен
-
Невреме и поплави во Италија
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа