Драго Пргомет ја формира партијата „Хрид“ во Хрватска
Поранешниот член на Националниот совет на изборната платформа „Мост“, Драго Пргомет, вчеравечер најави дека неговото здружение „Хрид“, со кое учествуваше на претходните парламентарни избори во Хрватска во рамки на „Мост“, ќе ја продолжи својата работа како политичка партија, која во понеделник ќе оддржи оснивачко собрание.
Партијата „Хрид“ ќе продолжи да работи во рамки на политичката платформа „Мост“ која, истакна Пргомет, ја има нивната апсолутна поддршка се додека се залага за реформи на јавната управа, територијалниот систем и високото образование, пренесе Хина.
Гостувајќи во Дневникот на Хрватската телевизија, Пргомет рече дека неговото здружение на изборите од пред две недели освои три саборски мандати на листата на „Мост“ во првата изборна единица, па затоа порача дека не постои тело кое може да ги исфрли од „Мост“, освен доколку партијата сама така не одлучи.
Запрашан дали сака новата партија да ги повлече своите симпатизери кои останале во „Мост“, тој истакна дека тие самите ќе одлучат како понатаму политички ќе делуваат.
Пргомет не кажа дали и натаму го поддржува првиот човек на „Мост“, Божо Петров, за мандатар на новата Влада и порача дека за тоа ќе одлучи политичката партија „Хрид“ и тоа врз начелото еден член еден глас.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања