ДПИ досега изрече три казни за непочитување на мерката за училишниот прибор
Досега Државниот пазарен инспекторат изрече казни на две книжарници и еден снабдувач за непочитување на владината мерка за замрзнување на маржите на училишниот прибор. Изминатава недела извршиле над 150 надзори и илјадници артикли, каде, колку и дали се намалени цените. Од прибраната документација изминатава недела, денеска се казнети три правни субјекти, но директорот вели дека до понеделник бројката може и да порасне.
Вчера министерот за економија по обиколка на неколку книжарници низ Скопје кажа дека мерката дава ефект и дека ограничената маржа на училишниот материјал се почитува.
Но сепак во некои книжарници и маркети цените се останати исти, со образложение дека се повисоки набавните цени за училишниот материјал. Дирекорот на ДПИ претходно кажа дека инспекторатот ќе постапува исклучиво по однос на контролата на цените утврдени со одлуката, но немаат надлежност да влијаат врз формирањето на цените во книжарниците и кај снабдувачите.
Инспекторите остануваат на терен, а владината мерка трае до 20 октомври. Казните се движат од 800 до 10.000 евра.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар