-->
-->
Доволен е еден лист дневно - „Чувар куќа“ е универзален лек за многу болести
-->
Се работи за извонреден универзален лек кој може да се употреби кај различни здравствени проблеми и потешкотии.Sempervivum tectorum е лековито растение кое кај нас најчесто е познато под името "чувар куќа". Неговото име ја репрезентира неговата способност за одржување во живот дури и при различни услови, но и го репрезентира местото каде најчесто може да се сретне – токму на крововите од куќите.
Постои верување дека Чуварот на куќа штити од громови, болести и вештерки. Во една народна поговорка се вели “Подобро Чувар на куќа на куќата, одколку две кучиња пред неа“. Неговите лековити својства се должат на јаболковата и мравјата киселина.
Од низата лековити својства кои ги има Чуварот на куќа, најпознато е тоа дека го елиминира вишокот на маснотија од ушните канали. Оттаму доаѓа и другото има според кое е познат кај народот - Ушник. Преполовете неколку ливчиња од Чувар на куќа и исцедете две до три капки сок во болното уво. Оставете ја течноста да делува неколку минути, а потоа свртете ја главата за течноста да истече од ушната шуплина.
Листовите од Чувар на куќа кога се комбинираат со мед се добива смеса која е многу делотворна кај воспаление на усната шуплна.
Чуварот на куќа делува слично како Алое Вера, растение кое е познато по тоа што лекува различни кожни заболувања. Ова растение се смета за еден од најсигурните лекови за широкиот спектар кожни болести. Заради антивоспалителните и антисептички својства служи како одлична прва помош кај изгореници, убоди и каснувања, затоа што брзо ја смирува кожата. Доволно е "повреденото" место да се премачка со сок од Чувар на куќа или да се стави облога од пресечен лист од растението.
Кога ќе изедете еден лист од ова растение, го подобрувате системот на варење и влијаете врз здравјето на цело тело. Го јакнете имунитетот и се заштитувате од претстојните инфекции. Доволен е само еден лист дневно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
-

Ненад Савески предложен за нов државен јавен обвинител
-

26-годишник со двајца другари ги нападнал својата поранешна партнерка и нејзиното момче, користеле и електрошокови
-

Лариџани му се закани на Трамп со елиминација
-

Албанец во Градска болница тврдел дека имал сообраќајка, лекарите откриле прострелна рана
-

18-годишник пукал со плашливец кон сограѓанин по расправија во локал во Гостивар
-

Две лица, 18 и 16-годишник провалиле и ограбиле објект во Крива Паланка
