Донирани книги со Брајово писмо во НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола денес од Лајонс клуб-„Битола“ доби донација книги со Брајово писмо.
Промотивниот настан беше организиран во рамките на светската лајонистичка недела посветена на лицата со целосно или делумно оштетен вид и 9. Октомври – Меѓународен ден за заштита на видот.
-Овој хуманитарен настан и донација ги поткрепуваме со нашата одлука за бесплатно зачленување на сите слепи лица и можноста во секое време да користат околу 300 книги, списанија и друг пишуван материјал со Брајово писмо. Донираните книги ќе бидат каталогизирани и на тој начин ја збогатуваат нашата архива но и понуда за читателите, истакна Науме Ѓоргиевски, директор на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола.
Со денешниот хуманитарен настан и донација Лајонс клубот „Битола“ се вклучи во светската лајонистичка недела за помош и поддршка на лицата со оштетен вид, посочи Веле Стефановски, претседател на Лајонс клубот „Битола“.
-Со овие книги сакаме да го поттикнеме читањето книги од лицата со оштетен вид, но и да го поттикнеме изучувањето на Брајовото писмо. Веруваме дека со вакви акции ќе се мотивира издавањето на литература која ќе им овозможи на лицата со оштетен вид да продолжат со читање, истакна Веле Стефановски, претседател на Лајонс клубот „Битола“.
Според Стевче Костадиновски, претседател на Здружението на слепи лица-Битола, акцијата и донацијата на Лајонс клубот „Битола“ значи разбирање на потребите на околу 220 слепи лица во градот.
-Минатата година Лајонс клубот „Битола“ ни подари аудио книга, а сега книги со Брајово писмо со што ни помагаат да се чуствуваме еднакви со сите. Како Здружение - најстаро во државата, во кое функционирала и првата паралелка за слепи лица, горди сме што имаме вакви поддржувачи, и очекуваме наскоро Брајовото писмо да се применува и во јавни објекти, ресторани, продавници за храна или туристички агенции со единствена цел да можеме што подобро да се информираме, истакна Костадиновски.
Координатор на проектот „Прочитај, предложи, подари книга“ во кој се содржани хуманитарните акции „Книги со Брајово писмо“ и „Аудио книга за слепи лица“ е Марјан Танушевски, член на Лајонс клубот Битола.
Ново на Сител
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково