Донесена уредба за активирање на единствениот број за алармирање на кризи Е-112
Владата денеска ја донесе Уредбата за организацијата и функционирањето на единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици, опасности и други несреќи на целата територија на Републиката – Е-112.
Како што соопшти владината прес-служба, Е-112 има за цел да обезбеди континуитет на управувањето со итни повици, како унапредување на мерките и апликациите за навремено определување на локацијата со цел брза и навремена реакција на сите служби опфатени во системот за справување со кризи.
-Е-112 исто така обезбедува брзина и ефикасност во постапувањето при итни повици за итни случаи за помош и се овозможува достапност до системот на сите лица на територијата на Република Северна Македонија, без надоместок од сите телефонски мобилни или фиксни оператори, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
