Доналд Трамп прогласен за личност на годината во изборот на „Тајм“
Американскиот магазин „Тајм“ го прогласи новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за „личност на 2016 година“, во неговиот традиционален годишен избор на личност што ја одбележала тековната година.
Во најтесниот избор за оваа „титула“, покрај Трамп беа и неговата демократска противкандидатка на претседателските избори и поранешен американски државен секретар Хилари Клинтон, рускиот претседател Владимир Путин и пејачката Бијонсе.
Трамп ја поздрави ваквата одлука на „Тајм“, нагласувајќи дека тоа за него претставува „голема, многу голема чест“.
- Ова ми претставува голема чест, посебно затоа што пораснав читајќи „Тајм“, изјави Трамп.
„Тајм“ на својата насловна страна објави фотогарфија на Трамп, пропратена со текст „претседател на поделените американски држави“.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите