Донација од Шведска за Општата болница во Кочани
Општа болница - Кочани прими донацијата во висина од 280 илјади евра обезбедена со помош на хуманитарната организација „Hand till hand“ и семејството Розенгрен од Стокхолм, Шведска.
- Добивме медицинска опрема, апарати, помагала, болнички кревети и други помошни елементи што ќе ѝ помогнат на болницата да ги подобри условите за лекување на своите пациенти и работата на медицинскиот персонал, соопшти д-р Томе Солевски, хирург во Општа болница-Кочани.
Според Александар Арсовски, координатор на оваа хуманитарна акција, Шведска преку свои организации досега испорачала неколкукратни вакви донации во Источниот регион и ваквата пракса ќе ја продолжи и понатаму.
Донацијата за Општата болница е реализирана со поддршка од градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев и од неколку приватни кочански компании што помогнаа да се плати магацинското сместување.
Илијев изрази надеж дека заеднички, со мисла и работа за подобро утре, ќе продолжи хуманата мисија за ревитализација на медицинската установа.
Пред еден месец, за целиот медицински персонал во болницата беа обезбедени униформи, донација вредна 12.000 евра.
Ново на Сител
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан