-->
-->
Донација од книги за подрачното училиште во село Ѕвегор
-->
Претставници на Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево денеска го посетија подрачното училиште во село Ѕвегор кое е дел од деветолетката „Ванчо Прке“, при што на учениците кои се дел од ова училиште им подарија книги со содржина прилагодена за нивната возраст. Како што истакна директорката на библиотеката Билјана Петровска, целта на активноста е да се поттикне љубовта кон читањето.
-Во училиштето во село Ѕвегор отсекогаш учеле деца кои подоцна како возрасни направиле многу во различни области од општественото живеење. Наставниците од ова училиште не информираа дека и денес тука учат ученици кои што сакаат да учат сакаат да читаат и се вистински љубители на пишаниот збор. Ова беше доволен мотив Јавната локална библиотека „Илинден“ на училишната библиотека да подари книги за да можат овие деца да прочитаат лектира а сепак е актуелно и интересно. Исто така ги поканивме децата заедно со нивните наставници да ја посетат библиотеката во Делчево да видат со какви книги располагаме, да бидам наши гости и да станат наши членови, истакна Петровска.
Како што истакна помошник директорот на училиштето Маријана Стоименовска, оваа активност ќе продолжи и во подрачното училиште во село Габрово каде наскоро ќе биде доделена нова донација од книги.
-Се заблагодарувам за прекрасната соработка со ЈЛБ „Илинден“ која секогаш ни излегува во пресрет за разни културни манифестации, конкурси, награди и остварувања на нашите ученици кои ги поттикнува да го нечгуваат читањето а со тоа и го зголемува својот број на читатели, рече Стоименовска.
Во минатата година слична донација ЈЛБ „Илинден“ реализираше и во подрачното училиште при деветолетката Св.Климент Охридски во село Тработивиште.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
-

Мерцедес излетал од автопатот „Пријателство“ и влетал во двор на куќа, двајца тешко повредени
-

Народниот правобранител ќе дежура за пријави за повреда на избирачкото право на денот на изборите во Брвеница

