Дојранци гласаа против Казандол и отворање други рудници
Граѓаните на Дојран на локалниот референдум вчера гласаа против продолжување со работа на рудникот „Казандол“ во соседната општина Валандово и против отворање рудници за металични суровини на територијата на општина Дојран.
Од вкупно запишаните 2.747 гласачи, на референдумот излегле 1.407 гласачи или 51,22 отсто, од кои на првото референдумско прашање против гласале 1.336 граѓани, односно околу 95 отсто од излезените гласачи, соопшти Митко Андонов, претседател на Општинската изборна комисија.
На второто референдумско прашање, против отворање рудници на територијата на општина Дојран, гласале 1.340 граѓани или околу 52 отсто од излезените гласачи. Според Андонов, на двете референдумски прашања педесетина дојранчани гласале „за“, дваесетина ливчиња биле неважечки, а неупотребени останале 1340 ливчиња.
Дојран е третата општина на југоистокот, по Гевгелија и Богданци, која се изјасни против продолжување со работа на рударскиот комплекс „Казандол“ во соседната општина Валандово и против отворање какви било рудници на својата територија. За ова прашање ќе се изјаснуваат валандовчани на референдум закажан за 20 август.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице