Дојава за бомба и во Основно училиште во Скопје
Покрај осумте скопски средни училишта, основното училиште “Петар поп Арсов” е прво основно кое е опфатено со новите дојави за поставени бомби. Основното училиште во Карпош е евакуирано, а како и во останатите училишта, полицијата врши проверки.
“На 01.12.2022 година околу 15:20 часот добиена е пријава и од едно основно училиште дека на електронската адреса на училиштето стигнала закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот”.
Покрај во ОУ “Петар поп Арсов”, дојави за поставени бомби биле испратени на електронските пошти на училиштата „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“, „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“.
Денешните дојави за поставени бомби во дел од скопските училишта следуваат по пауза од две недели.
Последниот пат кога училиштата во главниот град добија закани за поставени експлозиви во своите објекти беше на 16-ти ноември, а во сите случаи досега беше утврдено дека станува збор за лажни дојави.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација