Додик: На насилството ќе одговориме со отцепување

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека официјална Бања Лука на насилството од Сараево ќе одговори со отцепување од Босна и Херцеговина.
Додик ја даде оваа изјава за „Спутњик“ пред да започне разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, како коментар на претходната изјава на командантот на босанската војска, Сафер Халиловиќ, кој се закани со насилство врз Република Српска ако референдумот за Денот на РС биде спроведен, пренесува Танјуг.
- Ние знаеме дека ставот на Халиловиќ, кој се заканува со војна, е став на сите во Сараево, но, зборувам хипотетички, ако се случат какви било потези од тој вид, ние во истиот момент сме надвор од Босна и Херцеговина, порача Додик.
Тој додаде, дека Бања Лука нема намера во ниту еден момент да остане во земјата во која од другата страна пристигнува насилство.
На прашањето да прецизира дали во таква ситуација Република Српска би прогласила насилство и би се отцепила, Додик повтори: Каков било потег од тој вид, ќе не натера да го направиме тоа, и ние ќе се браниме.
Претседателот на РС исто така изрази уверување дека Република Српска е воено способна да се одбрани ако некој ја нападне, а на прашањето дали во таков случај смета на Србија и Русија, тој одговори: Сметам на се, а пред се сметам на нашиот народ.
Ново на Сител
-

Уставниот суд почнува нова ера на транспарентност: Од 4 март седниците во живо пред граѓаните
-

МНРиНТ и амбасадите во Доха и Абу Даби апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош
-

Бројни авиокомпании откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток
-

Иран нападна четири американски воени бази на Блискиот Исток
-

Алиу: Министерството за здравство нема да дозволи ниту еден пациент со ретка болест да чека ниту ден за лекови
-

Интернет услугите во Иран речиси целосно прекинати
-

Пентагон ја нарече операцијата во Иран „Епски гнев“
-

На албанско-грчката граница спречен шверц на 350 килограми марихуана
