Доделени сертификати за компјутерски вештини во Берово

Градоначалникот на општина Берово Драги Наџински денеска додели 28 сертификати за компјутерски вештинина лица кои ги завршија успешно тестирањата во тестинг- центарот.
Во Берово во изминатите неколку месеци се одржувааа обуки за МОС ВОРД како дел од програмата за работа на првиот сертифициран компјутерски тестинг- центар кој општина Берово го отвори во Бизнис -инкубаторот во соработка со СЕРТИПОРТ.
Од општина Берово информираат дека во досегашниот период со обуката биле опфатени околу 40 кандидати, распоредени во четити групи. Оттаму најавуваат дека и во периодот кој следува ќе продолжат тестирањата. Дел од овие обуки се реализираат преку активните мерки на Владата на РМ и законските измени за државните службеници за кои е потребно познавање на компјутерските вештини.
Од Општината, исто така, најавуваат дека наскоро ќе започнат и бесплатните обуки за невработени лица кои се пријавени на огласите од Агенцијата за вработување на РМ преку мерката „Сертификација на активно познавање на компјутерските програми“.
Целта на тестинг- центарот во Берово е вработените во јавните институции, како и невработените лица, полесно да се стекнат со овие сертификати без дополнителни трошоци.
Тестинг центарот е отворен во Бизнис инкубаторот во Берово во просторија и опрема во сопственост на општина Берово.
Ново на Сител
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
