Додека во Азија расте бројот на заразени, Европа започна со укинување на рестрикциите
Во Европа започа долготрајниот процес на укинување на рестрикциите наметнати поради коронавирусот, но истовремено се појавија нови случаи на заразени во Вухан, по повеќе недели без новозаразени, што укажува на опасност од втор бран на епидемијата.
Владите во светот се обидуваат да ја закрепнат економијата, а истовремено да ја држат под контрола пандемијата, која досега усмрти над 280 илјади луѓе.
Додека Велика Британија го претстави планот за укинување на строгите мерки, а Франција и Шпанија ги ублажија дел од мерките, кинескиот град Вухан, во кој исчезна пандемијата, бележи втор ден по ред нови случаи на заразени по еден месец без потврден случај.
Јужна Кореја регистриран најголем број новозаразени во повеќе од еден месец, а најголема причина за тоа е ширењето на заразата во ноќните клубови на Сеул. Поради тоа властите вчера ги затворија кафулињата и ноќните клубови во Сеул.
Британскиот премиер Борис Џонсон порача дека е прерано за укинување на карантинот, но претстави условен план за ублажување на мерките во наредните месеци. Тој рече дека рестрикциите предизвикале „ огромна цена на животите на луѓето“, но дека би била лудост да се уништи напредокот во борбата против коронавирусот со прерано попуштање.
Над 31.800 луѓе починаа во Велика Британија од коронавирус. Само САД забележаа поголем број на смртни случаи. Но, во другите делови на Европа се намалува бројот на нови смртни случаи.
Во Франција вчера починаа 70 луѓе, што е намалување на бројот од почетокот на април, додека во Шпанија дневно починале помалку од 200 луѓе.
Французите од денеска смеат да ги напуштат своите домови, без барање посебна дозвола, се отворија некои основни училишта, како и дел од продавниците.
Во Шпанија пак од денеска отворени се терасите на кафулињата и рестораните.
Ново на Сител
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс