Добил отказ оти доаѓал порано на работа

Филијалата на Лидл во Барселона отпуштила работник, бидејќи бил премногу вреден. Поточно, работникот кој во Лидл работел 12 години, доаѓал порано на работа за да ја подготви продавница за отворање и поради тоа добил отказ.
Работникот поднел тужба на суд и бара да се врати на работа.
Вредниот работник, Жан П., доаѓал ма работа најмалку еден час пред да му почне смената и „почнувал да ја подготвува продавницата за отворање". Во отказното решение е наведено дека „тој многу сериозно ги прекршил правилата за работа", бидејќи Жан, без да се запише дека дошол на работа, „правел нарачки, ги менувал цените или ги пополнувал палетите на производи".
Каталонската филијала на германскиот синџир на супермаркети навела дека на 19-ти април камерите за надгледување го снимиле работникот како влегува во продавницата во пет наутро и троши „помеѓу 49 и 87 минути", без да се пријави дека е дојден на работа.
Вработениот ги прекршил строгите правила на малопродажниот ланец кој на вработените им плаќа за секоја минута што работат и им исплаќа прекувремено работење.
Отпуштениот работник го тужел поранешниот работодавач со образложение дека е неправедно отпуштен и бара да го врати на работа.
Жан П. вели дека не побарал од другите работници да доаѓаат на работа порано, и дека никогаш не му било кажано дека треба да побара дозвола да дојде порано на работа.
Ново на Сител
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
-

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор
-

Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
-

Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје
-

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина
-

12-годишно девојче под присила праќало експлицитни фотографии и видеа на малолетник
-

Уапсен охриѓанец, одзел телефон на германска туристка, нападнал полицајци и во домот поседувал дрога
-

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
