До денеска одговор од банките по барањето за интерес за заем од 400 милиони евра до еврообврзницата
Комерцијалните банки до кои е доставено барање за изразување интерес за заемот за премостување до еврообврзницата во износ од 400 милиони евра треба до денеска до достават одговор.
Ова го најави вчера министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција на која ги претстави основните сценарија за справување со последиците од кризата.
-Барањето кое е испратено за 400 милиони евра, плус дополнителните средства од Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка во износ од 200 милиони евра прават да зборуваме за пакет од 600 милиони евра. Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра за редовното и нормално финансирање на Буџетот со дефицит од 300 милиони евра требаше да се издава кон крајот на годината. Сега велиме дека овие 500 милиони евра, што требаше да се обезбедат во четвртиот квартал, се обезбедуваат порано и зборуваме за 600 милиони евра или за 100 милиони евра плус, што не значи дека толку повеќе пари ќе се потрошат и за толку ќе се зголеми расходната страна, изјави министерката.
Според неа, тоа значи дека зголемувањето на потребата за финансирање зависи од тоа колку ќе паднат и ќе се намалат приходите.
За неа е реално да се зборува за издавање еврообврзница со поголем износ од 500 милиони евра што ќе зависи од тоа кое од трите сценарија ќе биде реализирано.
Ново на Сител
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија
-
МЗ: Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи
-
Министерство за здравство: Ја следиме состојбата со пожарот во Трубарево, во координација сме со сите надлежни институции
-
КМФМ се оградува од настанот кој ќе се одржи во Јане Сандански: Шоу настан на кој наши членови нема да земат учество
-
Кикбоксерите со своите светски медалисти повторно на сопствен трошок отпатуваа на Европското јуниорско првенство
-
Пожар во фабрика во Трубарево, го гасат повеќе екипи, пожарникарите интервенирале и во Лисиче
-
Зидан постигна договор со Француската фудбалска федерација