Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 19.104.120 лица. Од нив починале 713.741, а оздравеле 12.256.307 луѓе.
– Во Црна Гора уште 69 лица се разболеле од коронавирусот, а три лица починале, објави денеска Институтот за јавно здравје. Од почетокот на годинава, вкупниот број регистрирани случаи на зараза со новиот коронавирус е 3.480, а само од јуни годинава, во земјата починале 51 лице.
– Министерството за здравство на Кипар објави 13 нови случаи на Ковид-19, при што бројот на заразени лица се зголемува на 1.208 лица.
– Во последните 24 часа во Косово се регистрирани уште 196 новозаразени со Ковид-19, додека дури 16 лица починале, соопшти денеска Институтот за јавно здравје во Приштина. Од почетокот на епидемијата во Косово починале 300 луѓе, а 9.688 се разболеле.
– Здравствените власти во Бугарија потврдија уште 303 случаи на заразени со коронавирус во изминатите 24 часа од 5.701 тестирани и уште деветмина починати.
Вкупно 12.717 лица биле заразени со вирусот Ковид-19, од кои 5.139 се сметаат за активни случаи.
Уште едно лице почина, така што вкупниот број смртни случаи изнесува 125, соопшти словенечката Влада.
Досега во земјата се регистрирани 2.222 случаи на Ковид-19.
Последниот пат кога Германија пријави повеќе од 1.000 нови заразени за еден ден беше на 9 мај, јави Си-Ен-Ен.
Германската Влада изрази загриженост поради зголемувањето на бројот на заразени во земјата и ги повика граѓаните да се придржуваат кон мерките како што се физичко растојание и носење маски.
Вкупниот број заразени лица во Германија достигна 213.067, според денешните податоци на Институтот за заразни болести „Роберт Кох“. Бројот на починати се зголеми за седум и изнесува вкупно 9.175 смртни случаи.
– Полска денеска пријави 725 нови случаи на коронавирус, петти пат како е соборен рекордот во однос на заразени на дневна основа од минатата недела.
Според Министерството за здравство, вкупно 49.515 лица се заразени со вирусот Ковид-19, додека починати се 1.774 лица.
– Во Словачка денеска се регистрирани 63 лица заразени со коронавирус, што е рекорден број на нови случаи на дневна основа од претходните три месеци.
Според најновите податоци, вкупниот број заразени во Словачка достигна 2.480, од кои 1.824 се излекувани.
– Во Австрија, пет дена по ред, бројот на новозаразени со коронавирус повторно е трицифрен, откако во последните 24 часа се регистрирани 130 нови случаи.
Ова е утврдено врз основа на 13.373 спроведени тестови.
Во Австрија, во моментов има 1.327 активни пациенти.
– Во Франција вчера се регистрирани уште 1.695 случаи на коронавирус, најмногу од 30 мај, кога бројот беше 1.828, според податоците објавени денеска од Министерството за здравство во земјата.
Вкупниот број заразени со вирусот Ковид-19 сега е 194.029.
– Во Русија се потврдени 5.267 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени достигна 871.894. Уште 116 лица починале, што е помалку од претходниот ден, кога имало 139 смртни случаи, јавува ТАСС.
Вкупниот број починати како последица на вирусот изнесува 14.606 лица.
– Индонезија денеска пријави 1.882 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени изнесува 118.753, според податоците на работната група на Владата за Ковид-19.
Уште 69 лица починале, со што се регистрирани вкупно 5.521 смртни случаи.
– Рекордни 904 смртни случаи на коронавирус се пријавени во Индија во последните 24 часа.
Од коронавирусот досега починале вкупно 40.699 луѓе, половина од нив во последните 30 дена.
Индија веќе деветти ден по ред регистрира повеќе од 50.000 случаи, така што вкупниот број заразени достигна речиси два милиона.
Ново на Сител
-
Собрани рекордни донации за инаугурацијата на Доналд Трамп
-
ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 50 кубни метри отпад од диви депонии во изминатото деноноќие
-
Хаарец: Нетанјаху се идентификува со Черчил, но историјата веројатно ќе го споредува со Слободан Милошевиќ
-
Руски фирми се почесто користат Биткоин поради западните санкции
-
Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела
-
Утрово најстудено во Крушево, најмногу снег на Шапка
-
Пазарните инспектори на терен, Владата најавува можност за ограничување на маржите
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии