Дисциплински постапки и суспендирани доктори во болницата во Битола
Државниот санитарен и здравствен инспекторат – подрачно одделение Битола по извршениот вонреден инспекциски надзор ќе издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во Клиничката болница „Трифун Пановски“ во Битола односно забрана за давање здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита.
Вонредниот инспекциски надзор, како што соопштија од ДСЗИ, нивните инспектори го извршиле по добиените сознанија дека на одделението по гинекологија и акушерство во Клиничката болница „Трифун Пановски“ во Битола на 1 јануари царски рез на родилка извршило лице кое не е вработено во болницата и е странски државјанин.
При вонредниот инспекциски надзор, како што се потенцира, ДСЗИ ПО Битола констатираше дека директорот на установата во врска со случајот преземал законски предвидени мерки, односно поведени се дисциплински постапки против девет лица вработени на Одделот за гинекологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки.
Од ДСЗИ посочуваат дека ќе достават известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот, со прилог документација обезбедена при надзорот за натамошно постапување.
Информацијата за констатираната состојба врз основа на увидот во евиденциите во областа на здравството, медицинската документација за пациентката, изјави дадени од директорот на установата, како и изјавите од здравствените работници кои биле инволвирани во случајот и преземените мерки од ДСЗИ ќе биде доставена до министерот за здравство, додаваат од ДСЗИ.
Ново на Сител
-
Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа од Косово
-
Маркетите и трговските центри низ Хрватска празни, во тек голем бојкот
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезнат е 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино
-
Јаневска: Ова е нацрт-концепција и може да претрпи промени
-
Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите
-
16-годишна девојка со нож го прободела својот татко во Пробиштип
-
Сочувство од министерот за правда Игор Филков до семејството на прерано загинатата Фросина Кулакова
-
Апелациониот суд пресуди дека забраната за продажба на оружје во САД на лица помлади од 21 година е неуставна