Директорот на „25 Мај“ поднесе оставка по случајот со силуваното дете
Директорот на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно - социјални проблеми „25 Мај“ Стевчо Соколовски поднесе оставка од морални причини, во врска со случајот со сексуалната експлоатација на малолетна штитеничка на установата, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Очекуваат МВР и ОЈО да преземат мерки согласно со нивната надлежност, со цел да се пронајдат и санкционираат лицата коишто ја злоупотребувале малолетната жртва.
- Комисијата веќе утврди дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните институции за можна сексуална експлоатација на Р.И. Сега се истражуваат сите останати елементи за можно непостапување од страна на претходниот назначен старател на детето, се вели во соопштението од МТСП.
Оттаму очекуваат МВР и ОЈО да преземат мерки согласно со нивната надлежност, со цел да се пронајдат и санкционираат лицата коишто ја злоупотребувале малолетната жртва.
- Во оваа прилика би сакале да потенцираме дека преку случајот на Р.И. се покажуваат аномалиите на разрушениот систем на социјална заштита, особено кога станува збор за деца во специфичен ризик. Евидентна е потребата од подобра координација меѓу сите институции и воспоставување систем кој вистински ќе ги заштити децата од социјален ризик, посочуваат од Министерството.
Во таа насока истакнуваат оттаму, Министерството за труд и социјална интензивно работи на процесот на деинституционализација. До средината на 2018 година, ќе започне трансформацијата на установите за згрижување деца во мрежа на мали групни домови. Оваа реформа, сметаат од Министерството, ќе овозможи индивидуален пристап кон секое дете, подобра грижа и значително намалување на ризикот од вакви несакани настани.
Ново на Сител
-
Приведен возач од Македонски Брод, возел со 2,82 промили алкохол во крвта
-
ЕУ дозволи недржавни знамиња во публика, забраната за изведувачите останува
-
Од мај ќе се наплаќа движењето со возила низ Национален парк Шар Планина
-
Приведен криминалец баран со потерница, се обидел илегално да ја премине границата
-
Приведен 40-годишен маж, возел со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80
-
Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година
-
По 14 денови прекината блокадата на РТС
-
Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија