Македонија
18. September 2020 - 16:52

Директори земале двојно поголема плата од Заев

Директори на јавни претпријатија месечно зарабтуваат и до 3000 евра или два пати повеќе од премиерот, министрите и шефот на државата. Вицепремиерот за борба со корупцијата најавува системско решение за да се намалат бенефициите на функционерите, но и укинување на одредени институции и уставнови кои немаат никаква функција освен вработување на партиски кадри.

Николовски потврди дека сите кои во иднина ќе конкурираат за директори на јавни и државни претпријатија, како и за функции што ги именува Владата, ќе мора да поднесат план и програма за работа. Се вршат анализи и како се трошат парите од службените картички на директорите и функционерите, кои во иднина ќе бидат ограничени.

Веќе од следната недела Николовски најави секојдневи состаноци со клучните институции за борба со корупцијата, преку кои ќе се формираат конкретни чекори. Најави дека во оваа област поддршка ќе бара и од опозицијата и од шефот на државата.