Димовски: Штрајкот не е авантура
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски упати критики до претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура Јаким Неделков.
Во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“, Димовски рече дека штрајкот не е авантура и дека СОНК требало да им каже на просветните работници што ќе се случи доколку штрајкуваат.
– Ние на СОНК му дадовме безрезервна поддршка … се до вчера. Вчера не ми се допадна излагањето на претседателот Јаким Неделков бидејќи можеше барем да ја говори вистината до крај и кога ќе ги поведе луѓето на штрајк, зборувам за просветните работници, требаше да им каже што ќе се случи доколку штрајкуваат и кои се правилата на игра во штрајк, истакна Димовски.
Смета дека треба да им се помогне на работниците во овие тешки моменти на инфлација и криза, но вели дека ветувањата што синдикалците ќе ги дадат пред работниците треба да се темелат на закони и колективни договори.
– Секој има право да го оствари штрајкот, но мора да кажам – штрајкот не е авантура. Она што ќе го ветиш пред работниците како прв синдикалец, без разлика на која гранка припаѓаш, треба да го исполниш. Тоа ветување треба да го базираш врз основа на закони, колективни договори и кога ќе го поведеш членството во штрајк, да останеш доследен синдикален лидер и да не се пазариш, туку доследно да ги применуваш законите и колективните договори, односно одредбите кои се пропишани во нив, рече Димовски.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
