Димковски: Ги зголемуваме обработливите површини

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство за земјоделство шумарство и водостопанство преземаат мерки за зголемување на земјоделското произвдство што во време на глобална економска криза и недостиг на основните прехранбени продукти на светскиот пазар.
За таа цел, веќе е распишан Јавен повик за доделување на слободно земјоделско земјиште над три хектари.
Со овој Јавен повик на располагање ставаме нови 5.722 хектари земјоделско земјиште за обработување на стратешки култури, односно пченица, пченка, јачмен, сончоглед, рж, ориз, овес, маслодајна репка, тритикале и добиточен грашок.
Овие култури се особено важни кога стануваат недостапни на светскиот пазар како последица од агресијата на Русија врз Украина.
Со оваа мерка опфатени се 14 региони во државата каде успеваат овие култури, односно се ставаат на располагање околу 700 целини на земјоделско земјиште над 3 хектари.
Начинот на доделување на земјиштето ќе се врши преку електронско јавно надавање, рокот за аплицирање е 20 дена, а целокупната постапка со заокружување на јавното надавање би траело 30 дена.
Покрај оваа мерка на сила е и Интервентниот фонд првично проектиран на 250 а потоа проширен на 400 милиони денари со кои дополнително го стимулираме домашното производство на храна.
Помошта и поддршката на земјоделците останува врвен приротет за Владата предводена од СДСМ.
Продолжуваме со реализација на мерки и политики што обезбедуваат зголемено и конкурентно земјоделско производство.
Прес-конференција, Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделие на СДСМ
Ново на Сител
-

Путин: Бесмислица е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина
-

Од квалификации до финале на Ролан Гарос
-

Песков: Ако Зеленски сака разговор, може да дојде во Москва
-

Трамп: Би било одлично Зеленски и Путин да се сретнат
-

Германија и Франција ќе иницираат нов поттик за проширување на ЕУ на самитот во Тиват
-

Трамп: Не ни е потребен договор со Иран за да дојдеме до збогатениот ураниум
-

Алиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват
