Димитров: За решавање на спорот со името потребна одговорност од сите политички фактори

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска по средбата со претседателот Ѓорге Иванов потенцира дека за решавање на спорот за името со Грција е потребно лидерство и највисока одговорност на сите политички фактори.
Претседателот Иванов денеска го прими Димитров, а на средбата, како што соопшти МНР, станало збор за последните случувања околу преговорите меѓу Македонија и Грција околу името.
- За ова исклучително значајно прашање за разликата околу името, прашање што не влече надолу и ни ја попречува иднината повеќе години, потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори. Доколку најдеме начин да го затвориме овој проблем со зачувување на идентитетот и достоинството, сите заедно, ќе бидеме на правата страна на историјата, нагласил Димитров по середбата.
Димитровинформирал за содржината на последните разговори со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.
Претходно со соопштение од средбата излезе и Кабинетот на шефот на државата. На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, Димитров усно го информирал за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името, без притоа да приложи каков било писмен документ.
- Целиот процес наликува на личен договор меѓу премиерот Заев и премиерот Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија. Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес, изјавил македонскиот претседател на средбата.
Иванов потенцирал дека склучување меѓународен договор треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена.
Ново на Сител
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
