Димитров-Сингер: Еврејската заедница има значајна улога во општествениот и културниот живот на земјава
– Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари средба со извршниот потпретседател на Светскиот Еврејски Конгрес, Роберт Сингер, со кој разговарале за конкретните активности и мерки што државата ги презема на планот на сеќавањето и образованието за Холокаустот и соработката со еврејската заедница во земјава, која, како што било оценето има значајна улога во општествениот и културниот живот на нашата земја.
Извршниот потпретседател Сингер, како што соопшти МНР, се заблагодарил за поддршката на Владата на Северна Македонија на активностите на еврејската заедница во земјата и оддал признание за придонесот на државата во негување на споменот на македонските Евреи, кои во 1943 година беа депортирани во логорот на смртта Треблинка.
-Во тој правец, ја истакна важноста на процесот на едукација на новите генерации како најдобар механизам за справување со заканите од негирање и искривоколчување на Холокаустот, анти-семитизмот и говорот на омраза, се вели во соопштението од МНР.
Тој ја нагласил и подготвеноста на Светскиот Еврејски Конгрес, како меѓународна организација која ги претставува еврејските заедници и организации во над 100 земји низ светот, во претстојниот период активно да продолжи да соработува со земјава преку разни кампањи и програми.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје