Димитров-Мичел: Зачленувањето на Македонија во НАТО е историски миг
Активностите врзани со имплементацијата на Преспанскиот договор, како и претстојните активности околу ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО, биле тема на средбата на министерот за надворешни работи Никола Димитров со помошникот државен секретар за Европа, Вес Мичел, што се одржа во Стејт Департментот во рамки на неговата работна посета на Вашингтон.
На средбата, како што соопшти МНР, Димитров изразил очекување дека набргу ќе следи и ратификација на протоколот во Сенатот на САД.
Помошникот државен секретар Мичел, пак, оценил дека склучувањето на Преспанскиот договор и неговото извесно стапување во сила, проследено со зачленувањето на Република Македонија во НАТО, се историски мигови на исклучителни постигнувања, со кои, како што рекол, нашата земја треба да се гордее. Тој особено го нагласил очекувањето дека овие постигнувања ќе имаат позитивно влијание врз стабилноста и просперитетот на целиот регион.
Во Белата куќа, министерот Димитров се сретнал и со директорите во Советот за национална безбедност на САД: за европски прашања, Вилијам Беркли и за НАТО, Маркус Томи. И на оваа средба било разговарано за претстојните активности во контекст на евро-атлантската интеграција на Република Македонија и натамошната поддршка од САД во тој контекст.
Министерот Димитров имал и одделни средби со претседателот на Националниот Демократски Институт (НДИ), Дерек Мичел, со заменикот извршен директор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Џуди Ван Рест, како и со директорот од Фондацијата Херитиџ, Лук Кофи, на кои беа разгледани можностите и перспективите за натамошната соработка со овие реномирани институции.
Во текот на денешниот ден, министерот Димитров ќе има средби со ко-претседавачот на Комитетот за безбедност и соработка во Европа и член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД, сенаторот Бен Кардин и со извршниот потпретседател на Атлантскиот Совет на САД, Дејмон Вилсон.
Попладневно, министерот Никола Димитров ќе има обраќање во Атлантскиот Совет пред експерти, претставници на невладини организации и дипломатската заедница во Вашингтон.
Ново на Сител
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска
-
Александар Глигоровски од Пробиштип е 61-вата жртва на трагедијата во Кочани
-
Таравари: Немаме понуда од „Влен“ да се споиме во една партија, ако тие сами одлучиле, нека го задржат името „Влен“
-
Макрон: Русија треба да престане да ги одложува тактиките и да прифати примирје со Украина
-
Зеленски: Путин не сака крај на војната