Димитров: Ќе покренеме иницијатива да се донесе закон за изградба на Чебрен со домашни сили
Здружението на инженери ќе покрене иницијатива да се донесе закон со којшто ќе почне да се гради Чебрен со македонски сили, најави вечерва Константин Димитров, кој е дел од ова Здружение.
Димитров за централниот дневник на телевизија „Сител“ изјави дека имаме капацитет сами да го изградиме Чебрен и дека ова е проект којшто треба да го обедини општеството.
- Да се донесе закон за изградба на Чебрен, Галиште, Скочивир т.е. да се реши интегрално програмата со сливовите на реките каде Црна река е дел од Вардарска долина. Да се направи закон којшто не може да се менува без разлика која влада и да дојде. Однапред да се дефинираат средства коишто не се големи, рече Димитров.
Здружението на инженери во изминатиот период реагираше до надлежните институции во врска со тендерот за изградба на Чебрен. Изразија сомневање дека се направени суштински, правни, економски и стручно-научни недостатоци во постапката при подготовка и реализација на тендерот за доделување концесија за користење вода за производство на струја со изградба на хидроелектраните на Црна Река.
Четиринаесетиот тендер за изградба на Чебрен пропадна. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска информираше дека грчката ПЦЦ Архиродон ја нема продолжено банкарската гаранција.
- Заклучно со 31 декември не пристигна продолжувањето на банкарската гаранција од страна на избраниот понудувач на тендерот за изградба на Чебрен и со самото тоа веќе не е активна понудата на ППЦ-Архиродон. Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ќе ја извести Владата дека тендерот пропадна, рече Шукова на прес-конференција.
Ново на Сител
-
19 годишник со „сеат алтеа“ удрил во женско лице кое починало на лице место
-
На 20-та собраниска седница, изгласани неколку предлог-закони во прво читање
-
Утре ќе биде нормализиран сообраќајот во Скопје
-
Приведени пет лица во Тетово - Одземени 450 грама марихуана | ФОТО
-
Сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози
-
Редовните претседателски избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ
-
Кривична за тетовчанец - го продал возилото кое му било дадено како компензација за изработка на мебел