Димитров: Институциите да ги променат називите во разумен рок

Во разумен рок или согласно вообичаените административни практики, што е во духот на Договорот од Преспа, треба институциите во земјава да ги променат своите називи со што ќе бидат испочитувани одредбите од Договорот, изјави денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров пред почетокот на панел дискусијата „Трансатлантските перспективи и Западен Балкан“.
Димитров присуствуваше на владината седница на која на предлог на Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Договорот од Преспа Владата донесе одлука да ги задолжи, односно да им укаже и препорача на сите институции да извршат промена на јавните табли на нивните влезови во однос на името на државата и согласно амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот закон за спроведување на амандманите и Законот за употреба на јазиците.
Димитров посочи дека согласно Договорот една е насоката која што треба да се почитува во однос на институциите, а согласно новото име Република Северна Македонија, а друга е линијата што се однесува на идентитетот, односно се што е поврзано со идентитетските прашања.
-Во овој случај формалното име на пример на Армијата би била Армија на Репубика Северна Македнија, бидејќи тоа е сега уставно име на државата, но, на пример во случајот со Македонски народен театар, имаме етнички елемент и најверојатно ќе биде Македонски народен театар, рече Димитров.

Тој потсети дека МНР веќе издало и Упатство за медиумите за употреба на новото име.
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
