-->
-->
Димитар Мечкаровски ќе го суди дербито Работнички – Пелистер
-->
Димитар Мечкаровски ќе биде главен арбитар на дерби натпреварот од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Работнички – Пелистер.
Мечкаровски кој подолг период е еден од најдобрите македонски арбитри е делигиран да го суди мечот трето и четврто пласираните екипи на првенствената табела.
Нему ќе му помагаат асистентите, Дејан Костадинов и Гоце Петрески.
Средбата, Работнички – Пелистер ќе се игра во недела на арената „Филип Втори“ со почеток од 13 часот и 30 минути. а љубителите на фудбалот ќе имаат можност да ја следат низ директен пренос на СИТЕЛ 3 телевизија.
Во истиот термин закажан е и почетокот на другите четири средби од 13. коло во кои ќе играат: Брегалница – Вардар, Македонија ЃП – Силекс, Победа Јуниор – Шкендија и Ренова – Шкупи.
Табела: Вардар 28 бодови, Шкендија 21, Работнички 20, Пелистер 19, Ренова 16, Шкупи 14, Силекс 14, Победа 10, Македонија ЃП 9 и Брегалница 8.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд