Дилер на дрога приведен во Охрид
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР – Охрид, вчера попладнето привеле лице од Охрид, осомничено дека е дилер на наркотични средства.
Според полициското сооштение, вчера во 18:30 часот на булеварот „Железничка“ во Охрид, бил приведен и лишен од слобода К.М.(24) од Охрид. Тој, управувајќи патничко возило „Ренџ ровер“ без регистарски таблички, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, не застанал на даден знак за запирање, туку избегал со возилото.
Во врска со случајот, а поради постоење основано сомнение дека лицето извршило кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик, полициските службеници извршија преглед на подрачјето на Подмолје до месноста „Распаќе“, при што на различни места пронашле ќеси со зелена растителна материја, како и опаковки со остатоци од бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот, против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Најмалку три лица загинаа во поплавите во јужна Франција, илјадници домаќинства без струја
-

Почнува амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот
-

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија
-

Киев повторно цел на ракетен напад, Трамп тврди дека мирот е близу
-

Променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне и во текот на ноќта
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
