ДИК: СДСМ води во Скопје и во 50 општини, ВМРО-ДПМНЕ во девет, ДУИ во 12

Од досега обработените 98,22 проценти или од 3.418 од вкупно 3.480 избирачки места кандидатите за градоначалници од СДСМ водат во 50 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во девет, на ДУИ во 12, а кандидатите на девет други партии, коалиции и од група избирачи водат во останатите општини.
За Град Скопје, кандидатот на СДСМ Петре Шилегов води со 50,07 проценти во однос на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски со 35,99 проценти.
Победа од скопските општини, СДСМ има во Ѓорче Петров со 53,71 и во Карпош со 58,08, додека во Аеродром водат со 51,84 пред ВМРО-ДПМНЕ кој има освоено 44,17, во Бутел со 49,12, во Гази Баба со 47,82 пред ВМРО-ДПМНЕ со 44,38, во Кисела Вода со 49,36 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,56. Во Центар од обработени 89,74 проценти од гласовите води кандидатот на СДСМ со 63,58 наспроти кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со 28,63 проценти.
Во Сарај води кандидатот на ДУИ со 33, 49 и во Чаир со 27,28 проценти.
Во останатите општини, СДСМ има победа во првиот изборен круг во Арачиново, со освоени 57,81 процент, во Берово со 60,96 проценти, Битола со 59,77 проценти, Богданци со 55,37 проценти, Босилово со 53,80 проценти, Валандово со 55,31, Василево со 52,52, Вевчани со 53,15, Велес 53,51, Гевгелија со 54,55, Дебрца со 56,70, Делчево со 51,83, Демир Хисар со 55,43, Дојран со 58,19, Зелениково со 59,22 процента, Конче со 55,23 проценти, Кочани - 55,80, Кратово -57,11, Крива Паланка -58,01, Кривогаштани -53,90, Крушево - 60,63, Куманово - 52,53, Лозово - 55,18, Маврово Ростуше - 55,85, Ново Село - 52,13, Охрид - 54,07, Пехчево со 52,65, Прилеп со 51,07, Радовиш со 50,13, Ресен со 55,03, Свети Николе со 50,17 и Струмица со 59,45.
Во Виница во благо водство со 48,64 е кандидатот на СДСМ пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој има освоено 46,16 проценти, во Градско води СДСМ со 42,01 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ со 35,23, во Демир Капија во водство е СДСМ со 49,48 наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 46,97 проценти, во Јегуновце СДСМ има 41,90 пред ВМРО-ДПМНЕ со 31,36, во Карбинци води СДСМ со 48,17 проценти, во Македонска Каменица исто така СДСМ со 49,32 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,96, во Македонски Брод со 49,17 пред ВМРО-ДПМНЕ со 29,26, во Неготино со 51,44 пред ВМРО-ДПМНЕ со 44,86, Росоман со 49,35 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,78, Старо Нагоричане со 46,43 и во Чашка со 49,29 проценти.
ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг победи во Илинден со 57,34 проценти, Петровец со 62,05, Сопиште со 50,78, а води во Штип, со 48,10 проценти, Брвеница со 25,42 процента, во Зрновци со 48,50, во Кавадарци со 49,36 проценти, во Новаци со 44,96, во Пробиштип со 46,49, во Чешиново Облешево 47,48,
ДУИ освои градоначалнички мандат во Кичево со 60,36 проценти и во Пласница со 59,12, а води во Тетово со 33,18, Боговиње со 33,99 проценти, во Сарај со 48,24, Врапчиште со 35,06 проценти, во Гостивар со 35,55 проценти, во Дебар со 39,93, во Долнени со 34,06 проценти, Желино со 43,90 проценти, Липково со 48,97, во Теарце со 29,86.
Во Струга во водство е Зијадин Села од Алијанса за Албанците, со 30,24 проценти.
Во Могила во водство е Стево Пивковски, кандидат на група избирачи, кој има освоено 38,06 проценти од гласовите.
Во Ранковце победник е Ивица Тошевски кандидат на група избирачи, во Центар Жупа победа има Демократската патрија на Турците, во Чучер Сандево кандидатот на група избирачи Јован Пејковски
ДПА, пак, води во Студеничани со 34,62.
Ново на Сител
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
-

Судски совет: Недостиг на судии и заостанати предмети во судовите ширум земјава
-

Општина Аеродром ќе го исчисти просторот кај поранешен „Мекдоналд“ и ќе им прати фактура на сопствениците
-

Обвинителство: Одговорните за пожарот во „Пулс“ знаеле за ризиците, но избрале молк и профит, ќе докажеме дека никој не се обидел да ја спречи трагедијата
-

Најмалку 16 загинати и повеќе повредени во руски напад врз Тернопил, Украина
