Деветта НАТО студентска симулација: НАТО по Самитот во Мадрид
– Во организација на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија (ЕССМ), денеска во Скопје се одржува „9-тата НАТО студентска симулација: НАТО по Самитот во Мадрид“ на кое се предвидени обараќања на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и на претседателот на ЕССМ Исмет Рамадани.
– НАТО симулацијата претставува младински самит на кој ќе се симулира состанок на Северноатлантскиот Совет на ниво на шефови на држави и ќе се разгледуваат глобалните прашања непосредно по самитот во Мадрид и моменталните предизвици за Алијансата, информираат од Министерството за одбрана.
Оттаму велат дека настанот е од високо едукативен карактер затоа што им овозможува на студентите одблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика, овој пат со посебен осврт на глобалната безбедносна слика и местото на партнер земјите од Југоисточна Европа.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат горивата
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Пендаровски се свртеа против САД
-
Изминатиот викенд санкционирани 2045 возачи, 637 за брзо возење
-
Приведени две лица во Кичево и Штип за безобѕирно управување со моторно возило
-
Почина 34-годишен маж во сообраќајка на патот Штип - Карбинци
-
Приведен 45-годишен охриѓанец за издржување затворска казна
-
ЕУ го поздрави Планот на Арапската лига за Газа
-
Трамп ја прекина суспензијата на споделување разузнавачки информации со Украина