Девет лица повредени во тешка сообраќајна несреќа
На 23.07.2023 во 04.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во близина на с.Раброво, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.К.(61) од Струмица, патничко возило „цитроен“, управувано од Г.А.(35) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки и трактор „ИМТ“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Т.Ш.(74) од Валандово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, додека возачот на возилото „цитроен“ и шест сопатници од истото возило, како и сопатник од тракторот Д.Н.(56) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица и Здравствен дом Валандово.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Валандово.
Ново на Сител
-
Северна Кореја повторно испрати балони со ѓубре во Јужна Кореја
-
Битолчанец изгубил контрола и излетал од патот, загинал на местото на несреќата
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Мечка со две мали мечиња се фатени на камера на пат во Маврово
-
Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано
-
Судир помеѓу Автомобил и мопед во Скопје, едно лице со тешки повреди
-
Голема полициска акција на подрачјето на Скопје за сузбивање на улично дилерство на дрога
-
ВМРО-ДПМНЕ: 15-ти ден хирургија не функционира