Девет дена пред изборите во САД веќе гласале 59 милиони граѓани
Предвременото гласање за претседателските избори во САД на 3 ноември веќе го надмина нивото забележано пред четири години, во 2016 година, се наведува во вчера објавеното независно истражување.
Девет дена пред изборите, американскиот институт УС Елекшн Проџект основан при Универзитетот на Флорида, објави дека до вчера гласале 59 милиони граѓани.
Во 2016 година, предвреме гласале 57 милиони граѓани, лично или преку пошта, објави веб-страницата на Комисијата за изборна помош на САД.
Оваа година милиони Американци гласаа предвреме загрижени поради продолжувањето на пандемијата на коронавирусот или мотивирани од ривалството меѓу републиканскиот претседател Доналд Трамп и поранешниот демократски потпретседател Џо Бајден.
Засега демократите, кои оваа година силно го поттикнаа предвременото гласање, водат во излезноста, но сè уште не е познато дали ова ќе влијае врз конечниот резултат на изборите.
Доналд Трамп и републиканците предупредуваат дека предвременото гласање отвора можност за измама, па затоа се очекува голем број републикански гласачи да го остварат своето граѓанско право на самиот ден на изборите, 3 ноември.
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов