Детектор: Граѓаните сметаат дека во последните 5 години образованието станало полошо

Споредено со пред 5 години, граѓаните во големо мнозинство сметаат дека денеска имаме полошо образование, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. 56,3% делат ваков став наспроти 25% кои не гледаат некаква промена. Само 9,6% од анкетираните велат дека денеска образованието е на повисоко ниво споредено со состојбата од пред 5 години.

Истото прашање го имавме и на анкетата пред 4 години, а тогаш 48,9% сметаа дека образованието во последните 5 години станало полошо, наспроти 28,8% кои не виделе промени и 18,3% кои тогаш сметале дека образованието е на повисоко ниво споредено со претходните 5 години.

49% од анкетираните велат дека квалитетот на образовниот процес во Македонија во споредба со земјите од регионот е полош. Една четвртина се на ставот дека е сличен а само 5,7% сметаат дека Македонија има подобро образование од земјите од регионот.

И тука споредбата со анкетата на ИПИС од 2019 покажува дека перцепциите се влошени. Тогаш, 40,1% сметале дека во регионот има подобро образование, близу 30% не нашле некоја разлика а 10,4% сметале дека во Македонија има поквалитетен образовен процес во однос на земјите од регионот.

Главна причина според граѓаните зошто Македонија се наоѓа на најниските места на светските мерења за квалитетот на образованието е лошата наставна програма, став кој го делат 19,2% од граѓаните. 15,5% сметаат дека главна причина е несоодветниот наставен кадат, 12,7% проблемот го гледаат во неквалитетните учебници а 11% лошите услови во училиштата.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.
Ново на Сител
-

Ново рочиште за пожарот во „Пулс“, продолжува сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителство
-

Претежно облачно со слаб локален дожд
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
