Детектор анкета: Мнозинството граѓани задоволни од начинот на кој медиумите информираат за кризата
Речиси половина од граѓаните велат дека се задоволни од начинот на кој медиумите информираат за кризата со корона вирусот.
Вакви резултати дава најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Нешто помалку од половина или 46,9% велат дека се задоволни од информациите околу состојбата со кризата кои ги добиваат од медиумите. 39,8% велат дека се делумно задоволни а 8,5% велат дека не се.
Во споредба со мартовската анкета, во април се намалува бројот на граѓани кои се задоволни од информациите кои ги добиваат од медиумите. Од 66,9% во март, за еден месец оваа бројка се спуштила на 46,9%. Затоа речи си двојно се зголемил бројот на граѓани кои се делумно задоволни од информациите за кризата кои ги добиваат од медиумите. Па така, од 21,2% во април, бројот на делумно задоволни граѓани скокнал на 39,8%.
Благо зголемување за еден процентен поен бележи и бројот на граѓани кои не се задоволни од информациите за кои за кризата ги добиваат од медиумите. Ако во март, само 7,5% од граѓаните се изјасниле како незадоволни, во април, тој процент се зголемил на 8,5%.
72,4% од анкетираните велат дека имаат доверба во информациите кои ги добиваат од медиумите, додека 21,5% немаат доверба во добиените информации.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минс 3%.
Ново на Сител
-
Двајца затвореници од Идризово барале „рекет“ од мајка на друг затвореник за негова „гаранција и заштита“
-
Претрес во дом на лице кое нападнало полицајци, пронајдена бела прашкаста материја
-
19-годишник од Кавадарци и ја украл ташната на постара жена, при што ја турнал и ја повредил
-
Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција
-
Украина со апел до меѓународната заедница: Запрете ја Русија
-
Пад на вредноста на доларот поради намалување на кредитниот рејтинг на САД
-
Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп
-
Најмногу дожд во Крива Паланка, Виница и Струмица