Детектор анкета: Мнозинството граѓани повеќе сакаат да работат во државен отколку во приватен сектор
Мнозинството граѓани преферираат да работат во јавниот сектор пред приватниот, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 41% од граѓаните кога би можеле да избираат, преферираат да работат во јавниот сектор додека 36% го избрале приватниот сектор.
Ваквиот став на граѓаните доаѓа во ситуација кога две третини од нив мислат дека партиите по изборите повеќе работат за личен отколку за интересот на граѓаните и државата. 66,5% сметаат дека партиите работат за личен интерес а само 16,4% дека тоа што го прават го прават за интересот на државата и граѓаните.
55,1% од анкетираните сметаат дека вработените во јавниот сектор за ангажирани за да спроведуваат партиски интереси, додека 22,3% сметаат дека вработените во јавниот сектор професионално ги извршуваат своите обврски.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество